ПРИЛЕПЧАНИ КРАДЕЛЕ КАМИОНИ ОД ХАЛА ВО НЕГОТИНО Полицијата ги фатила, а украденото го вратила на сопствениците

Двајца прилепчани Н.А.(33) и Б.Б.(54) се сомничат дека во периодот од 11.1.2025 до 13.1.2025 одзеле повеќе предмети и товарни возила од хала која е во сопственост на правно и физичко лице, соопшти неготинската полиција.

436

Двајца прилепчани краделе товарни возила и други предмети од хала во Неготино. Полицијата ги уапсила ноќеска и пронашла дел од украдените предмети.

„Полициски службеници од ОВР Неготино, вчера во 4.40 часот и во 6.30 часот, ги лишиле од слобода Н.А.(33) и Б.Б.(54), двајцата од Прилеп. Тие се сомничат дека во периодот од 11.1.2025 до 13.1.2025 одзеле повеќе предмети и товарни возила од хала која е во сопственост на правно и физичко лице. Дел од предметите се пронајдени и се вратени на сопствениците, а Н.А. и Б.Б. се задржани во полициска станица“, соопшти полицијата.






За кражбите е известен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против двајцата крадци ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Поврзани содржини