📽 БЕЗБЕДНОСНИТЕ КАМЕРИ ВО „ИСТ ГЕЈТ“ ГО СНИМИЈА ПУКАЊЕТО Чекаше да дојдат до ескалаторот за да им пука во грбот
На видеото се гледа како двајцата сега веќе повредени излегуваат од вежбалница и се упатуваат кон најблискиот излез и скали, со намера да се симнат од ниво „минус еден“ на ниво „минус два“ во подземните гаражи на трговскиот центар.
Порталот Курир објави ексклузивно видео од денешното пукање во трговскиот центар „Ист Гејт“, каде што повредени се две лица.
На видеото се гледа како двајцата сега веќе повредени излегуваат од вежбалница и се упатуваат кон најблискиот излез и скали, со намера да се симнат од ниво „минус еден“ на ниво „минус два“ во подземните гаражи на трговскиот центар.
Од зад грб приоѓа лицето кое на себе има и слушалки и црна капа, по што пука кон нив со пиштол и бега.
ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО ОД ПУКАЊЕТО ВО ИСТ ГЕЈТ: Врз Раде Штекли е пукано како во див запад! (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) pic.twitter.com/3DosqGp7OR
— Курир (@KurirMK) October 24, 2023
Според објави на некои медиуми, во престрелката наводно било пукано во Раде Трајковски-Штекли, кој пред точно 2 месеца исто така беше цел на напад во истиот трговски центар и на истата локација, во гаражата на ниво „минус еден“.
Раде Трајковски-Штекли, се поврзуваше и со истрагата за убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. По првичните сомнежи, во истрагата за убиството не беа најдени докази за Трајковски и тој не беше обвинет.
Штекли беше уапсен во Грција во 2011-та како осомничен во Италија за местење на фудбалски натпревари. Трајковски тогаш беше екстрадиран во Италија каде имаше и судење за големиот случај со наместени натпревари во италијанскиот фудбал.