СЛУЧАЈНО СО ПИШТОЛ ГО РАНИЛ СВОЈОТ ДРУГАР ВО СТОМАКОТ Малолетник и неговиот татко се пријавиле сами во полиција

Таткото и синот предале едедн пиштол и една празна рамка.

0

15-годишно момче од тетовското село Боговиње било донесено во Клиничкиот центар во Тетово со прострелна рана во стомакот, откако, според пријавеното во полицијата, од пиштол што го носел неговиот 16-годишен сограѓанин бил испукан куршум.

Случајот бил пријавен вчера во 14:10 часот, а таткото на 16-годишникот, 42-годишниот С.М., заедно, со својот син подоцна се самопријавиле во Полициската станица Тетово. Тие предале пиштол со една празна рамка.






Според изјавата на таткото, инцидентот се случил околу 13:45 часот во Боговиње, кога од невнимание дошло до испукување на еден куршум од пиштолот што го носел неговиот малолетен син.

Увид на местото бил извршен во присуство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово и претставници на Центарот за социјални работи Тетово.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава. Шеснаесетгодишникот е задржан за понатамошна постапка.

Поврзани содржини