ПРАШАЊЕТО ЗА БРВЕНИЦА НЕМА ДА ВЛИЈАЕ ВРЗ ВЛАДАТА Според Изет Меџити, односите во коалицијата не се нарушени
Владата поседува демократски капацитет да ги реши овие прашања внатрешно и да продолжи понатаму – рече копретседателот на ВЛЕН.
Прашањата поврзани со изборите во Брвеница се решено и нема да имаат никакво натамошно влијание врз работата на Владата и односите меѓу коалициските партнери, изјави копретседателот на ВЛЕН Изет Меџити.
Зборувајќи пред новинарите во Боговиње за неодамнешните избори во општината близу Тетово, Меџити изјави дека редовно се среќава со премиерот и оти, иако понекогаш имаат различни гледишта или ставови, успеваат да ги решат во рамките на Владата.
Неговите изјави уследија по вториот круг од вонредните избори за градоначалник на Брвеница, од ВМРО-ДПМНЕ го нарекоа коалицискиот партнер „тројански коњ“, незадоволни од поддршката од коалицискиот партнер.
– Имаме редовни средби со премиерот Мицкоски. Ние сме дел од Владата, но сме и партнери. Не размислуваме секогаш исто и има моменти кога нашите мислења и ставови се разминуваат. Сепак, Владата поседува демократски капацитет да ги реши овие прашања внатрешно и да продолжи понатаму. Ние сме фокусирани на решенија, а не на избори – рече поранешниот министер за животна средина, а сега градоначалник на Чаир.