ДЕВЕТМИНА ВЕЛЕШАНИ СЕ ВРАТИЈА ОД ИЗРАЕЛ Уште македонски граѓани чекаат да бидат евакуирани

Станува збор за само еден дел од македонските државјани пријавени за евакуација од Израел, преку отворените канали на македонското МНР. Четиричлено семејство, пак, кои биле во Тел Авив преку комерцијален лет се упатиле кон Истанбул, од каде што продолжува нивното патување кон Македонија.

127

Деветмината македонски државјани од Велес кои беа затекнати во Тел Авив за време на нападите на Хамас врз Израел веќе се безбедно вратени назад во Македонија, брифираат извори од МНР за Телма. Тие доцна синоќа ја напуштиле Тирана со комбе откако претходно пристигнаа таму со помош специјалниот лет на Владата на Албанија.

Уште македонски државјани чекаат да бидат евакуирани од Израел. Седум македонски туристи кои престојувале во Витлеем ја минале границата со Јордан. Четиричлено семејство од Тел Авив се упатило кон Истанбул со комерцијален лет и патуваат кон Македонија.






Меѓу 100 и 200 македонски државјани пријавиле дека престојуваат во загрозените подрачја, проценува МНР.

 

 

Поврзани содржини