ОБЕЗБЕДЕТЕ РЕЗЕРВА Дел од населбата Тафталиџе денеска без вода
Без вода денеска од 8:30 часот ќе бидат улиците „Варшавска“, „Хелсинки“, „Мексичка“, „Хаванска“, „Виенска“ и „Ташкентска“, информираат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Неколку улици во скопската населба Тафталиџе денеска ќе бидат без вода поради дефект на водоводната инсталација.
Без вода денеска од 8:30 часот ќе бидат улиците „Варшавска“, „Хелсинки“, „Мексичка“, „Хаванска“, „Виенска“ и „Ташкентска“ во населбата Тафталиџе во Општина Карпош.
Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради уличен дефект ф-100мм на ул. „Варшавска“ бр.1.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.