ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА СУДИЈАТА РИСТОВ Пасат целосно уништен, МВР истражува што се случило

Ноќеска во Тафталиџе изгоре автомобил „пасат“ сопственост на Ѓ.Р., кој според неофицијални информации го користел судијата Ѓоко Ристов. МВР врши увид.

479

Патнички автомобил „пасат“ со скопски регистарски ознаки ноќеска целосно изгоре во скопската населба Тафталиџе, при што пожарот оштети уште две возила и деловен објект.

Според неофицијални информации, автомобилот бил поврзан со судијата Ѓоко Ристов.






Фотографиите од местото на настанот покажуваат дека возилото е речиси целосно уништено од огнената стихија, а најголема штета е причинета во предниот дел и моторниот простор.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен ноќеска околу 02:50 часот во СВР Скопје.

„На 13.7.2026 околу 02:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Скопје, на територија на Карпош, било опожарено патничко возило ‘пасат’ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.Р.“, соопшти МВР.

Од пожарот биле оштетени и патничко возило „фолксваген туран“, сопственост на Д.М., патничко возило „сангјонг“, сопственост на С.С., како и деловен објект сопственост на Г.Л.

Пожарот бил локализиран и изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Од полицијата велат дека во тек е увид на местото на настанот, по што треба да бидат познати причините за избувнувањето на пожарот.

Поврзани содржини