МНР СО ВЕРБАЛНА НОТА ЗА КОСТАДИНОВ Министерството повеќе пати реагирало на говорите на лидерот на Преродба
Не само што овие пораки се директно спротивни на духот на Договорот за пријателство во чија суштина е меѓусебната почит како основа за унапредување на добрососедските односи, туку и пораки кои не се ниту во духот на европските вредности и нашето заедничко евроатлантско сојузништво, велат од МНР.
Министерството за надворешни работи денеска соопшти дека ќе биде упатена формална вербална нота до Министерството за надворешни работи на Бугарија поради изјавите на пратеникот и лидер на политичката партија Преродба, Костадин Костадинов.
Од МНР информираат дека и претходно веќе реагирале на изјавите на пратеникот и лидер на политичката партија „Преродба” во која, како што се наведува, посочивме дека очекуваме надлежните институции и политички претставници во Република Бугарија да се оградат и да го осудат овој говор на омраза во кој неспорно се содржат и територијални претензии.
– Не само што овие пораки се директно спротивни на духот на Договорот за пријателство во чија суштина е меѓусебната почит како основа за унапредување на добрососедските односи, туку и пораки кои не се ниту во духот на европските вредности и нашето заедничко евроатлантско сојузништво. За денешниот инцидент формална вербална нота ќе биде упатена до Министерството за надворешни работи на Бугарија – се вели во соопштението од МНР.