СЕ ЈАВИ АРКАН КЕРИМ Не сум експерт за водовод!
Освен туризмот ништо друго не ме интересира, напиша на својот профил Аркан Керим откако денеска советникот Луке Галески побара од градоначалничката на Скопје Данела Арсовска да одговори дали тој е мотивот за нејзините постапки во врска со проектот за Прочистителна станица во Скопје.
Навистина ми е смешно да ме претставуваат како експерт за водовод и канализација кога освен туризмот ништо друго не ме интересира, напиша на својот профил Аркан Керим откако денеска советникот од ВМРО-ДПМНЕ Луке Галески побара од градоначалничката на Скопје Данела Арсовска да одговори дали го познава и дали тој е мотивот за нејзините постапки во врска со проектот за Прочистителна станица во Скопје.
– Можеби мотивот зошто тоа го направивте лежи во овој лик тука. Овој човек се вика Аркан Керим и јавно ја прашувам градоначалничката дали го познава ова лице и дали ова лице има поврзаност со турската компанија со која што медиумите, не знам од каде дознале, дека е учесник на тендерот вреден 160 милиони евра – ја праша Галески Арсовска.
– Најодговорно ги отфрлам сите шпекулации. Ниту сум турски државјанин, ниту сум имал комуникација со актуелното градско раководство по ниеден основ – додава Керим.