СТРЕСОТ БУКВАЛНО ГИ УБИВА МАЖИТЕ Децениско истражување го поврза со тешки болести
Истражувањето покажа дека стресот може да доведе до срцеви болести и до дијабет.
Студијата објавена во списанието на Американското здружение за срце покажа дека зголеменото ниво на анксиозност и грижа кај мажите се поврзани со биолошки процеси кои негативно влијаат на срцето и на здравјето воопшто. Експертите анализирале податоци за 1.561 машки испитаник. Тие учествуваа во студија за нормативно стареење која го следи стареењето на мажите во САД од 1961 година. Примерокот најмногу вклучувал припадници на белата раса, кои во 1975 година имале просечно 53 години. Мажите биле подложени на проценка на невротичност и анксиозност на почетокот на студијата и било откриено дека немаат срцеви заболувања или рак.
Долгорочно истражување
Нивното здравје било следено со физички прегледи и со тестови на крвта на секои три до пет години до нивната смрт или додека не се откажат од истражувањето. Студијата измери седум фактори на ризик за развој на кардиометаболични заболувања: систолен (горен) притисок, дијастолен (мал) притисок, вкупен холестерол, триглицериди (масти во крвта), дебелина (одредена со индекс на телесна маса), шеќер во крвта и стапка на седиментација на еритроцити (SE) што укажува на воспаление. На секој субјект му била дадена проценка на ризик за болести во зависност од тоа колку кардиометаболички фактори на ризик имал и колку се сериозни.
– Иако студијата беше спроведена претежно на мажи, откривме дека зголеменото ниво на анксиозност и грижа кај мажите се поврзани со биолошки процеси кои можат да го зголемат ризикот од срцеви заболувања и други метаболички состојби и дека оваа поврзаност е присутна многу порано во животот отколку што се претпоставуваше, во детството и во адолесценцијата – изјави д-р Левина Ли, водечки автор на истражувањето и вонреден професор по психијатрија на Медицинскиот универзитет во Бостон.
Тој потенцира дека присуството на шест или повеќе високоризични кардиометаболни маркери укажува на голема веројатност дека поединецот ќе развие или веќе развил кардиометаболична болест.
Со истражувањето се утврди дека анксиозноста има огромно влијание
Студијата покажа дека на возраст од 33 до 65 години, испитаниците добивале во просек по еден нов фактор на висок ризик на секои десет години. Луѓето со високи нивоа на невротичност (емоционална нестабилност) имале поголем број на фактори со висок ризик, додека оние кои се изложени на голем стрес имале 10 проценти поголема веројатност да имаат шест или повеќе фактори на ризик кои влијаеле на кардиометаболичните заболувања.
– Откривме дека мажите со високи нивоа на анксиозност и постојан стрес имаат поголема веројатност да развијат болест отколку оние со ниски нивоа – вели д-р Ли.
Експертите велат дека не е можно да се прочита од податоците дали на испитаниците им била дијагностицирана анксиозност, ниту пак, дали лековите може да го намалат ризикот. Но, според д-р Ли, мажите можат да го намалат ризикот доколку редовно се прегледуваат, земаат лекови за висок крвен притисок и одржуваат здрава тежина. Таа додаде дека идните истражувања треба да го истражат влијанието на стресот и анксиозноста врз здравјето на жените.