🎥 ПОПУЛАРНИОТ ВОДИТЕЛ ОТКРИ ДЕКА ИМА РАК Колегите на Џереми Кларксон едвај ги задржуваат солзите

- Ако сè оди добро, ќе се видиме во шестата сезона. Ако не оди, тогаш нема да се видиме. Чувајте се.

155

Британскиот телевизиски водител и новинар Џереми Кларксон откри дека му е дијагностициран агресивен рак на простата. Тој ја сподели веста во последните епизоди од популарната серија „Фармата на Кларксон“, во текот на разговорот со Кејлеб Купер и Чарли Ирланд, кои заедно со него ја водат фармата Diddly Squat во англискиот Котсволдс.

Тој ја откри веста сосема неочекувано, за време на разговорите за земјоделските работи и жетвата, оставајќи ги своите колеги во шок.






– Имам рак – рече Кларксон, видливо емотивен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The YARN (@theyarn__)

Кога го прашаа каде е ракот, тој кратко одговори дека не е важно и открил дека знаел за дијагнозата од мај. Објаснил дека по редовниот медицински преглед, имал биопсија која потврдила дека станува збор за агресивна форма на рак, но за среќа бил откриен во многу рана фаза.

– Се молев да ја завршиме жетвата па да почнам со лекување, но излезе дека сѐ ќе биде среде сезона – признава тој.

Неговиот долгогодишен соработник Кејлеб Купер не можеше да ги скрие своите емоции и низ солзи му рече дека сега мора да се фокусира на себе и на своето здравје.

Кларксон подоцна откри дека изминатата година била исклучително тешка за него. На почетокот од годината се соочи со коронарна срцева болест, а ја заврши со дијагноза на рак.

– Ја започнавме годината со моето срцево заболување, а ја завршивме со рак – рече тој.

И покрај сè, тој се обиде да остане оптимист и нагласи дека сака да се фокусира на добрите работи што се случиле на фармата во текот на годината.

За време на емисијата, тој ги откри и деталите за лекувањето. Лекарите користеле ултразвук за да го отстранат делот од неговата простата што бил зафатен од рак.

– Десет проценти од мојата простата сега се мртви. Тоа се десетте проценти каде што беше ракот – објасни тој.

Во една од последните сцени, Кларксон повторно се појавува во болнички кревет и признава дека се појавиле компликации за време на лекувањето.

– Петтата сезона ја започнавме со мене во болнички кревет и ја завршуваме на ист начин. Дел од лекувањето не помина како што очекувавме, па ќе бидам тука некое време – рече тој.

Обраќајќи им се на гледачите, тој испрати и порака:

– Ако сè оди добро, ќе се видиме во шестата сезона. Ако не оди, тогаш нема да се видиме. Чувајте се.

Пред емитувањето на епизодите, Кларксон ги предупреди обожавателите на социјалните мрежи дека крајот на сезоната ќе биде особено тежок за гледање.

– Обично се обидуваме серијата да биде лесна и забавна, но последните две епизоди не се ниту едното ниту другото. Ќе бидат тешки за гледање“, рече тој низ солзи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeremy Clarkson (@jeremyclarkson1)

Иако не даде никакви нови информации за неговото здравје по емитувањето, британските медиуми објавија дека Кларксон моментално снима нова сезона од квиз-шоуто „Кој сака да биде милионер?“, додека снимањето за шестата сезона на „Фармата на Кларксон“ е исто така потврдено, објави Nine.com.

Поврзани содржини