ПРЕМИЕРКАТА ЈА ОТКАЖА СВАДБАТА 12 лица заразени со омикрон на Нов Зеланд
Премиерката Ардерн им потврди на новинарите дека нејзината венчавка нема да се одржи.
Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, ја откажа својата венчавка откако воведе нови мерки против ковид поради ширењето на омикрон сојот на вирусот во таа земја.
Според Би-би-си, новите мерки се однесуваат на задолжителното носење маски во продавниците и јавниот превоз и ограничен број собири.
Во изминатите 24 часа во Нов Зеланд се пријавени 15.104 случаи на коронавирус и 52 смртни случаи, а потврдени се 12 заразени со сојот омикрон.
Премиерката Ардерн им потврди на новинарите дека нејзината венчавка нема да се одржи.
– Не се разликувам од, се осмелувам да кажам, илјадници други Новозеланѓани кои имаа многу поголеми последици од пандемијата, од кои најтешка е неможноста да се биде со саканата личност која е тешко болна – рече таа.