ЈА ПЛАЌАМЕ ЦЕНАТА НА ПАЗАРСКАТА ДИПЛОМАТИЈА Дали владата ќе преговара за историјата со Бугарија далеку од очите на јавноста?
Македонија е на истата позиција со нарушени национални и државни интереси и позиции во однос на она што значи сега, бугарска блокада, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски,
Пазар дипломатија се однесува на онаа лоша политика која што до сега ја гледавме од страна на власта и оние отстапки кои што се прават со што, всушност се нарушуваат преговарачките позиции за кои што, неодамна и ние и јавноста добивме потврда од поранешен министер, кој што се додека беше министер, всушност, одрекуваше дека станува збор за нарушување на националните и државни интереси во однос на пазар дипломатијата. Оценката за тоа дека, сепак беше на таа страна во однос на нарушување на националните и државни интереси и оваа пазар дипломатија, беше и онаа понуда со доматите, во однос на неговите активности на твитер, кога нудеше гајба македонски домат во замена за отпочнување на преговорите. Оттогаш поминаа повеќе години и сепак, Македонија е на истата позиција со нарушени национални и државни интереси и позиции во однос на она што значи сега, бугарска блокада, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски кој беше и модератор на денешната трибина во централниот штаб на партијата насловена „Заштита на националните и државни интереси, наместо пазар дипломатија“.
Стоилковски сподели и едно негово работно искуство со претставник на Европската комисија за Македонија од периодот на 2000-тите години, Ерик Мереер кој имаше добри видувања за состојбите на Балканот по однос на условувањата што земјите членки во унијата ги правата на земјите кандидати.
„Во еден од оние моменти на отворени прозорци и врати, бидејќи многу често се користи тој израз кога станува збор за пред некаков состанок, и евро преставници почнуваат да го наметнуваат сега е моментот, моментумот демек за нови ветришта да продуваат низ Европската Унија. Ерик, во неврзан разговор после интервју вели, Европската Унија и европските институции и европјаните, сметам дека неподготвени влегоа во проширување на Европската Унија кон истокот, кон оние земји од Балканот и источниот дел на Европа. Затоа што, вели, вакви условувања какви што, и тогаш постоеше проблемот со Грција, имаат Грција кон вас ќе дојде Бугарија, ќе дојде да речеме некаква реакција помеѓу Србија и Хрватска, Србија и Црна Гора или Босна со Црна Гора. Значи оваа каша од условувања, кои што фактички немаат врска со европскиот начин на живот и начин на размислување, на надминување на проблемите и она што значи основа на Европската Унија за отворени граници, движење и еднаквост помеѓу економијата и, воопшто, човековите права, туку напротив ќе служи како еден вид на морков и стап за задоволување на своите застарени идеи и желби“, истакна Стоилковски.
Тој потсети дека сето ова што денеска ни се случува и што секоја држава бара Македонија да прави отстапки и промена, на пример, на Устав дека доаѓаат од периодот кога Зоран Заев сеуште не беше на власт и кој што во Берн истакна дека не може Македонија да не е виновна а сите држави околу неа да се виновни.
„Зоран Заев пред да дојде на власт и да доведе до ситуација да потпишеме два договора со кои што бевме убедувани дека се затворени прашањата и дека се исполнети условите и треба да се почне со преговорите со Европската унија. А се тргна од една кажана реченица во Берн кога Зоран Заев стана и рече, не може Македонија да не е виновна и сите други околу неа да се виновни и ги отвори прозорците и вратите за промена и прифаќање на се и сешто“, рече Стоилковски.
Во 2020 и 2021 година континуирано зборувавме дека на овој договор ќе му следи анекс или нов договор, каде јас ги гледам првите знаци дека тоа ќе се случи е изјавата на Маричиќ во кој вели за комисијата за историја ќе се разговара во која форма и содржина истата ќе продолжи. А за да се случи истото согласно Договорот за добрососедство мора да се направи промена, анекс или нов договор, вели Марија Митева портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина.
Митева потенцираше дека во вторник се очекува првата меѓувладина конференција помеѓу Македонија и Бугарија прашувајќи дали може се очекува да се разговара за историските прашања далеку од очите на јавноста со оглед на фактот дека како еден од членовите на делегацијата е токму предводникот на македонската комисија за историја.
Јас ќе зборам за овој тип на манипулација која што му се случува на македонскиот народ, односно властите се обидуваат да ја манипулираат македонската јавност односно да се поигруваат или да ја навредуваат интелигенцијата на граѓанството. И тоа го прават по четири клучни столба кои што можам да ги забележам, два се повеќе процедурални, а два се повеќе суштински, вели Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Андоновски истакна дека бугарскиот премиер Петков го диктира процесот на преговарање, додека македонските власт се однесуваат како неми набљудувачи и независни аналитичари, укажувајќи дека има чувство на инфериорност кај власта.
„Прво треба да забележиме дека Кирил Петков како премиер на Бугарија е оној кој го води процесот на преговарање, оној кој ја диктира агендата, ги диктира прашањата кои што ќе се дискутираат, оној кој ги диктира комисиите кои што ќе бидат формирани, кој ќе учествува во нив, мандатот, прашањата кои ќе треба да се затворат како и роковите. Од нашата страна, нашите власти се однесуваат како да се или неми набљудувачи или независни аналитичари, без воопшто да имаат било каков ефект внатре во учеството. Замислете дури не учествуваа ни во селекцијата на тоа каде ќе се одржуваат средбите прво, а каде следната или средбата потоа“, дециден е тој.
„Имам едно чувство на инфериорност кај нашите носители на одлуки. Имаме целосна доминација и изместување на оската, а знаете во меѓународната дипломатија, па и во преговорите како процес мора да имате две сериозни страни еднакво потковани за процесот доведе до еднаков избалансиран резултат. Не може да очекувате избалансиран резултат кога имате не избалансиран процес“, смета Андоновски.