КОСОВО ВО МРАК Рестрикциите на струјата ќе траат 2 месеца

Владата на Косово усвои итни мерки кои вклучуваат воведување рестрикции во снабдувањето на потрошувачите со електрична енергија и наметнување посебни обврски за електроенергетските претпријатија.

2,142

Косовската влада прогласи вонредна состојба во снабдувањето со струја и најави дека рестрикциите би можеле да траат во наредните два месеца.

Владата на Косово усвои итни мерки кои вклучуваат воведување рестрикции во снабдувањето на потрошувачите со електрична енергија и наметнување посебни обврски за електроенергетските претпријатија. Предвидено е формирање Итна техничка комисија, која на Министерството за економија треба да му даде препораки за спроведување на мерките за решавање на негативните ефекти од рестрикциите врз економските текови.






Косовскиот премиер Албин Курти денеска рече дека Косово не можело порано да купи струја и да ја избегне енергетската криза бидејќи струјата, како што кажа, не е роба која може да се чува во фрижидер.

– Нè критикуваа дека требало порано да купуваме струја, но тоа не беше можно бидејќи не можете да купувате струја и да ја чувате во фрижидер. Многу сме изложени на цените на берзата и нема земја во регионот која е извозничка, сите увезуваат. Тешко сме погодени бидејќи сме посиромашна земја од другите, бидејќи домаќинствата трошат седум пати повеќе струја од индустријата – рече Курти.

Претседателот на косовската влада не очекува брзо разрешување и стабилизација на ситуацијата со струјата.

Косово се потпира на производство на струја од своите застарени термоцентрали. За да се изборат со прекините во снабдувањето, многу претпријатија и домаќинства имаат генератори.

Владата на Косово издвои 20 милиони евра за увоз на електрична енергија. Земјата сега увезува околу 40% од потребната електрична енергија.

 

Поврзани содржини