ЛИРИДОН БЕРИША ОД КОСОВО – НОВ УПРАВИТЕЛ НА „ТИНЕКС“ Групацијата „Проекс“ на Шаип Микуловци го презеде македонскиот трговски синџир

Микуловци воедно е и претседател е на Управниот одбор на Групацијата Проекс што ги поседува маркетите „Интерекс“ и други брендови, како и трговски центри во Приштина, Пеќ и Дренаш. Бериша има долгогодишно искуство на менаџерски позиции во малопродажба.

0

Лиридон Бериша од Косово е иемнуван за нов управител на „Тинекс“, еден од најголемите малопродажни трговски синџири во земјава, на местото на Кристина Тодоровиќ-Николиќ. Според достапниот професионален профил на Бериша, од септември 2020 година тој е CEO за логистика во Interex Supermarket, а претходно бил Chief Marketing Officer во Viva Fresh Store од 2019 до 2020 година.

Претходно Комисијата за заштита на конкуренцијата даде одобрение со кое косовската компанија „Проекс Интернационал“ Л.Л.Ц. од Приштина стекна контрола врз новоформираното друштво „Тинекс Маркет“ ДООЕЛ Скопје, преку кое треба да биде преземен малопродажниот бизнис на „Тинекс“. Трансакцијата го опфаќа бизнисот со супермаркети што досега го управуваше „Тинекс-МТ“, под брендовите „Тинекс“, „СуперТинекс“, „Тинекс Деликатес“, „Конто“ и „Спот“.






Како единствен сопственик на „Проекс Интернационал“ се јавува друштвото „ЦДИ Косово“, каде удел од 93 проценти поседува косовскиот бизнисмен Шаип Микуловци, кој воедно е и претседател е на Управниот одбор на Групацијата што ги поседува маркетите „Интерекс“ и други брендови, како и трговски центри во Приштина, Пеќ и Дренаш.

Новиот управител на „Тинекс“ Лиридон Бериша има долгогодишно искуство во малопродажбата. Во неговата биографија се наведуваат раководни позиции во „Интерекс“, но и во „Вива Фреш“, „Емона Сити“ и „Елкос Груп“, каде работел во областите на логистика, увоз, маркетинг, продажба и оперативен менаџмент.

Веќе подолго време „Тинекс“ се соочува со сериозни финансиски проблеми. Според официјалните податоци, приходите на компанијата во ланската 2025 година изнесувале околу 86 милиони евра, што е за над 16 проценти помалку во однос на претходната 2024 година.

Покрај тоа, ако друштвото во 2024 година имала добивка од 878 илјади евра, лани забележало загуба од дури 3,5 милиони евра. Патем, фирмата во 2024 година имала 1.120 вработени, додека во 2025 година оваа бројка паднала на 995.

Поврзани содржини