ДВАЈЦА ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА НА БОРИС ТРАЈКОВСКИ Се судриле камион со полуприколка и два автомобила

Двајца скопјани на возраст од 29 и 48 години се повредени во судир на „МАН“ со полуприколка и два автомобила на булеварот Борис Трајковски.

0

Двајца скопјани се повредени во сообраќајна незгода што утрово се случила на булеварот Борис Трајковски во Скопје.

Во незгодата учествувале товарно возило „МАН“ со полуприколка, управувано од 59-годишниот К.Д. од Скопје, како и автомобилите „Сеат“, со кој управувал 29-годишниот Т.Р., и „Фолксваген пасат“, управуван од 48-годишниот А.Ј., двајцата од Скопје.






Во судирот со повреди се здобиле Т.Р. и А.Ј., кои биле пренесени во ГОБ „Наум Охридски“, каде што им била укажана лекарска помош.

Несреќата се случила околу 6:50 часот, а околностите под кои дошло до судирот се утврдуваат. Поради сообраќајната незгода, отежнато се одвива сообраќајот на оваа делница од булеварот Борис Трајковски, каде во моментов има зголемена гужва.

Поврзани содржини