СУДИР НА „МЕРЦЕДЕС“ И „АУДИ“ НА МОСТОТ „БЕЛАСИЦА“ Двајцата возачи и еден сопатник завршија со повреди

Сообраќајката била пријавена во 20:50 часот. Во судирот учествувале две возила со скопски регистарски ознаки, а увид извршила екипа на СВР Скопје.

0

Три лица се повредени во судир меѓу „мерцедес“ и „ауди“ што се случил синоќа на мостот „Беласица“ во Скопје. Во несреќата повредени се двајцата возачи и еден сопатник, а според првичните информации, повредите се полесни.

Сообраќајката била пријавена во 20:50 часот, информира Министерството за внатрешни работи.






Според изваштајот од МВР, несреќата се случила на мостот „Беласица“, по крстосницата со улицата Ѓуро Ѓоновиќ, во правец кон Ист гејт.

Во судирот учествувале „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 37-годишниот М.П. од Скопје, и „ауди“, исто така со скопски регистарски ознаки, зад чиј волан бил 21-годишниот О.Ц., исто така од Скопје.

– Од незгодата возачите и еден сопатник се здобиле со телесни повреди – информираат од полицијата.

Поврзани содржини