СЕКС СКАУТС И РОК ЕНД РОЛ Скандалозни активности во извиднички камп во Зелениково
Во кампот, наречен „Есенски бакнежи и прегратки, секс скаутс и рок енд рол" наменет за извидниците над 16-годишна возраст, учествувале 40 малолетници.
Во извиднички камп кој е организиран викендов од извидничкиот дом Градовци, близу Зелениково, средношколци симулирале секс-пози, оставале отпечатоци од полови органи на хамер, се соблекувале и се бакнувале на интимните делови, споделувале интимни работи, а сето тоа било бодувано. Од учесниците се барале и имиња на фирми за производство на кондоми, колку секс партнери имале досега. Кампот бил воден од „Прв скопски извиднички одред“.
Родители ги пријавиле овие скандалозни сексуални активности во полиција.
Татко на средношколка од Скопје, за „Слободен печат“ кој го откри скандалот, сведочи дека неговата малолетна ќерка викендов доживеала шок од активности кои се случувале на извиднички камп.
Според девојчето, кое се обратило до училишниот психолог со писмена изјава, а која родителот ја образложи во аудио разговорот со редакцијata, активностите биле несоодветни, вклучувале соблекување на облеката и прашање колку сексуални партнери имале децата, глумење секс пози, сликање панорамска слика со секс пози до манастир.
Од полицијата и јавното обвинителство за медиумите изјавија дека преземаат соодветни мерки за утврдување на фактичката состојба.
– Дежурен јавен обвинител е известен за настанот и издаде насоки до Министерството за внатрешни работи за дејствија кои треба да се преземат со цел утврдување на фактичката состојба – велат од ОЈО Скопје.
Организаторите велат само дека натпреварот бил од едукативен карактер на темата сексуална едукација.
Од Асоцијацијата за здравствена едукација ХЕРА апелираат институциите итно да постапат по допрен глас и целосно да го расветлат случајот.
Еден од најважните постулати на сексуалното образование, нагласуваат оттаму, е да се гарантира безбедна средина за секој учесник и да постои согласност за учество од страна на учесникот, што е уште поважно кога станува збор за малолетни лица кои немаат законска можност да дадат согласност, велат од таму.
Во кампот, наречен „Есенски бакнежи и прегратки, секс скаутс и рок енд рол” наменет за извидниците над 16-годишна возраст, учествувале 40 малолетници.