НАЈПОЗНАТАТА ДИВОГРАДБА ВО КАРПОШ НАПРЕДУВАЛА И ВО ДЕНОВИ НА ЖАЛОСТ Стоилковски ги повика инспекциите

Според Стоилковски, пишувани се казни на луѓе заради немање табла пред објект каде што се изведува градба, зошто Шилегов е привилегиран? Прашањата се нижат, а одговори нема ниту од Шилегов ниту од институциите, што раѓа сомнеж за злосторничко здружување

1,669

Најпознатата дивоградба во општина Карпош напредувала и во деновите на жалост. Надмината е дозволената висина, за тоа нема дозвола, менувани се документи отпосле и тоа во сабота во неработен ден, скандалот е доволно познат, а институциите ги нема на терен! Што повеќе е потребно за сомнеж за здружување во криминалот, праша на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– Која е фирмата односно фирмите ангажирани за најпозната, најлуксузната дивоградба во општина Карпош, надградба без документи? Дали се тоа фирми добитнички на тендери во Град Скопје? Дали воопшто има финансиска трансакција кон нив или се работи за противуслуга? Додека сè уште расте оваа дива надградба, уште еднаш повикуваме инспектори од урбанизам на Општината Карпош, но и државниот инспекторат за урбанизам да излезат на терен и да направат увид и записник за фактичката состојба, дали висината на оваа градба е во рамки на ДУП-от, и дали има одобрение за надградба или се работи за класичен криминал – вели Стоилковски.






Според него, пишувани се казни на луѓе заради немање табла пред објект каде што се изведува градба, зошто Шилегов е привилегиран? Прашањата се нижат, а одговори нема ниту од Шилегов ниту од институциите, што раѓа сомнеж за злосторничко здружување!

Поврзани содржини