БИВШ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СВЕТИ НИКОЛЕ ДОЗВОЛИЛ ДА СЕ ИЗГРАДИ ДИВОГРАДБА Кривична пријава за Сашо Велковски

Благодарение на дозволата дадена лично од градоначалникот, изведувач од Скопје изградил објект во вредност од 15.488.118 денари, за кој износ е причинета штета на нарачателот.

68

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Свети Николе Сашо Велковски (55) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Пријавениот, во својство на градоначалник на општина Свети Николе, во текот на 2021 година, пречекорувајќи ги границите на своите службени надлежности, постапил спротивно на одредбите од Законот за градење и Правилникот за начинот на издавање на одобренија за градење на тој начин што лично изготвил, потпишал и издал одобрение за градење, кое не било евидентирано во електронскиот систем на Сектор за урбанизам, заштита на животната средина, комунални работи и оттуѓување на градежно земјиште при општина Свети Николе.






Ваквото одобрение, кое е правно неважечко, било искористено од изведувач од Скопје, кој изградил објект во вредност од 15.488.118 денари, за кој износ со наведеното дејствие е причинета штета на нарачателот. Дополнително, наведениот објект не е впишан во Агенцијата на катастар на недвижности Свети Николе, бидејќи претставува бесправно изграден објект.

 

Поврзани содржини