За Антикорупциска Законот за легализација на дивоградбите нема логика: Ако стапи во сила тогаш можеме да ставиме крст на другите закони

1,705

Ако Законот за легализација на дивоградбите стапи во сила тогаш можеме да ставиме крст на сите други закони. Затоа сме на мислење да поднесеме иницијатива до Уставниот суд, па судиите нека ценат, изјави за медиуми претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска.

Ивановска вели дека прво ќе го анализираат текстот на Законот, но нагласува дека, според објавеното во медиумите, тој нема никаква логика.






Новиот Закон за утврдување правен статус на бесправно изградените објекти што вчера го изгласа Собранието со 72 гласа „за“, тројца „воздржани“ и петмина „против“ ќе донесе нови дивоградби и неуривање на постојните, но и амнестија од одговорност на оние што граделе незаконски.

Претходно, Демократскиот сојуз побара од претседателот Пендаровски да не го потпишува законот, затоа што е спротивен на владеење на правото и го штити беззаконието. Барање до шефот на државата да не го потпише Законот достави и ЛДП и ДОМ.

 

Поврзани содржини