АНТИКОРУПЦИСКА ОТКРИЛА 11 МОЖНИ СЛУЧАИ НА КОРУПЦИЈА Предметите се предадени во Обвинителство, поднесени се и 400 прекршочни пријави

Бројот на предмети значително е зголемен, а истовремено, значително е интензивирана и активноста на Комисијата во однос на разгледувањето на овие предмети и донесувањето одлуки – рече претседателот на комисијата Адем Чучуљ во гостување на ТВ „Шења“.

2

Државната комисија за спречување на корупцијата заклучно со октомври отворила околу 800 предмети за испитување можни случаи на прекршувања на одредбите утврдени во Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси – изјави претседателот на Комисијата Адем Чучуљ во гостување на ТВ „Шења“.

Тој истакна дека Комисијата ги засилила своите напори во разгледувањето на предметите и донесувањето одлуки, при што дел од овие случаи се доставени до Јавното обвинителство на натамошно постапување.






– Имаме отворено над 800 предмети, сите до месец октомври. Бројот на предмети значително е зголемен, а истовремено, значително е интензивирана и активноста на Комисијата во однос на разгледувањето на овие предмети и донесувањето одлуки.

Веќе имаме донесено 720 до 730 одлуки, кои се обработени и објавени на нашата веб-страница. Понатаму, имаме поднесено повеќе од 400 барања за поведување прекршочна постапка поради прекршување на одредбите утврдени во Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси

Дополнително, до Јавното обвинителство упативме 11 предмети – случаи каде што утврдивме сомневања за криминални дејствија – како и уште околу 10 други предмети, со цел Обвинителството да преземе соодветни мерки и да утврди дали, всушност, е сторено кривично дело – изјави Чучуљ.

Поврзани содржини