Оштетени штедачи на Еуростандард банка: Ги знаеме оние што не ограбија, но зошто гувернерката не лажеше?
Оштетените штедачи прашуваат зошто гувернерката на Народната банка ги оставила да крадат тојцата главни раководители на Банката и дозволила штедачите да бидат ограбени.
Повеќе од јасно е дека Трифун Костовски, Коста Костовски и Николче Петкоски се тројцата првотимци од ограбената Еуростандард банка кои свесно ја иницирале, организирале и спровеле масовната кражба на нашите депозити и средства на тековни сметки во банката. Ова го тврдат оштетените штедачи на банката кои бараат одговорност за нив и за гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска Бежоска.
Во соопштението тие тврдат дека потписите на тројцата, колективни или индивидуални, се наоѓаат на документите со коишто ги одобриле ненаплатливите кредити на стотици избрани фирми во десетици милиони евра со однапред направен план за да истите не се вратат.
Оштетените штедачи прашуваат зошто гувернерката на Народната банка ги оставила да крадат и дозволила штедачите да бидат ограбени.
„ Со секоја изречена мерка се толерирал претходниот грабеж преку делени неповратни кредити и перење пари, за да и понатаму продолжи. 60 милиони евра не се крадат преку ноќ. Грабежот траел со години. Што правела гувернерката Бежоска!? Гледала и ја аминувала кражбата, дозволила да се случи и да прерасне во масовна операција без контрола и ограничување“, се наведува во соопштението.
Тие оцаниваат дека гувернерката не само што не го спречила криминалот, туку и јавно давала лажни изјави.
„Не беше доволно што не го спречила криминалот на време, туку продолжи јавно и да не лаже со своите изјави и уверувања дека нашите депозити се безбедни и сигурни. Тоа гувернерката Бежоска го направи свесно само на неполн месец пред да ја донесе одлуката за затворање на Еуростандард банка. Не донесе во заблуда со лажно прикажување и со прикривање на факти. Не измами. Тоа е уште едно кривично дело“, се додава во соопштението.
Оштетените штедачи бараат одговорност и од гувернерката на Народната банка бидејќи како што велат ги донела во заблуда со лажно прикажување и со прикривање на факти.
„Гувернерката е интегрален дел од органиизраниот криминал спроведуван заедно со лицата на раководни позиции во Еуростандард банка. Мотивите за да тоа го прави и се добро познати, а исходот од таа операција го знаеме денес. Не соголија. Ни ја уништија сегашноста и иднината. Нашите семејства страадат. Тоа директно го чувствуваме на наша кожа. Здравјето ни се наруши. Не оставија без нашиот личен имот во сред пандемија. Системот на организиран криминал не однесе во пропаст и немаме што повеќе да изгубиме3 стои во соопштението на Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка.