ПАЃААТ КАМАТИТЕ НА КРЕДИТИТЕ И НА ДЕПОЗИТИТЕ Во јули просечната камата на депозитите изнесувала 2,18%, а на кредитите 4,68%
Податоците покажуваат дека просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во јули, е зголемена за 0,06 п.п. и 0,02 п.п. на месечна и на годишна основа и изнесува 4,44%.
Просечната каматна стапка на вкупните депозити на годишна основа бележи намалување од 0,03 п.п., при што во јули таа изнесува 2,18%.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,23 п.п. и изнесува 4,68%.
Податоците покажуваат дека просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во јули, е зголемена за 0,06 п.п. и 0,02 п.п. на месечна и на годишна основа и изнесува 4,44%.
Кај новопримените депозити просечната каматна стапка бележи месечен пад од 0,12 п.п. и изнесува 2,42%, при годишен раст од 0,07 п.п.
Анализата на податоците покажува дека каматните стапки на кредитите и депозитите во странска валута растат, но промената кај денарските камати влијае на крајниот износ на каматите.
Така каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата, во јули, бележи зголемување од 0,01 п.п. и изнесува 2,11%. Притоа растот се должи на повисоките каматни стапки на денарските депозити со валутна клаузула и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,15 п.п. и 0,02 п.п., соодветно), додека каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула се намалени (за 0,01 п.п.).
Просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор, во јули, изнесува 2,63% и е намалена за 0,03 п.п. на месечно ниво.
Месечната промена произлегува од пониските каматни стапки на денарските депозити без и со валутна клаузула (за 0,06 п.п и 0,01 п.п., соодветно), додека каматните стапки на депозитите во странска валута бележат зголемување од 0,04 п.п.
Овој месец, кај просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор е забележан месечен раст од 0,03 п.п. и таа изнесува 4,34%. Од аспект на валутната структура, месечниот раст е резултат на зголемените каматни стапки на кредитите во странска валута и каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,12 п.п. и 0,05 п.п., соодветно), додека каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула се непроменети.