Со какви квалификации Балканците заминуваат на работа во Германија?
Истражувањето на Институтот за истражување на пазарот на трудот во Нирнберг покажува дека преку правилата за Западен Балкан воведени во 2016 година во Германија доаѓаат помлади работници и мажи.
Работната исла која се увезува од Западен Балкан поволно влијае на германскиот пазар на труд, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од Институтот за истражување на пазарот на трудот во Нирнберг.
Според ова истражување, 54 отсто од работниците кои доаѓаат од Западен Балкан се квалификувани работници, 4 отсто се висококвалификувани, додека 42 отсто се помошни работници.
Истражувањето покажува дека преку правилата за Западен Балкан воведени во 2016 година во Германија доаѓаат помлади работници и мажи.
– Во 2016 и 2017 година 73 отсто од работниците биле под 40-годишна возраст, а 86 отсто биле мажи. Најголем процент, 44отсто работат во градежништвото, а 13 отсто во угостителството- покажува истражувањето.
Според истртажувањето, интеграцијата на пазарот на трудот на луѓето што пристигнале во Германија преку правилото за Западен Балкан беше успешна ако се има предвид стабилноста на работата и заработката во споредба со другите доселенички групи и локалното население.
Невработеноста, како и земањето помош за невработените од прв или втор степен, изнесува 0,1 отсто.