ГЕРМАНИЈА ВОВЕДУВА ДАНОК НА ШЕЌЕР Ќе се однесува на пијалаци со најмалку 5 грама шеќер на 100 милилитри

Новиот данок треба да стапи на сила на 1 јули 2027 година. Следната година, тој може да донесе 690 милиони евра за владата, додека за 2028 година се очекуваат приходи од 925 милиони евра.

0

Германската влада одобри предлог за нов данок на засладени пијалаци, чија цел е да ги зголеми приходите и да ја охрабри индустријата да нуди поздрави производи.

Данокот, кој сè уште треба да биде одобрен од парламентот, се однесува на засладени пијалаци со најмалку 5 грама шеќер на 100 милилитри. Оваа група вклучува лимонади, ладни чаеви, енергетски пијалaци и овошни сокови со додаден шеќер.






Данокот нема да ги вклучува алкохолните пијалaци, безалкохолните пива, вината и коктелите. Исклучени се чисти овошни и зеленчукови сокови, незасладени газирани пијалаци и пијалаци со засладувачи, познати како пијалаци без шеќер.

Предвидени се две даночни стапки, во зависност од содржината на шеќер. Планирани се и ослободувања за малите производители.

Владата сака да ги ослободи сите компании што произведуваат максимум еден милион литри годишно, но за тоа е потребна согласност од Европската комисија.

Новиот данок треба да стапи на сила на 1 јули 2027 година. Следната година, тој може да донесе 690 милиони евра за владата, додека за 2028 година се очекуваат приходи од 925 милиони евра.

Данокот на шеќер ќе помогне во стабилизирањето на придонесите за задолжително здравствено осигурување.

Поврзани содржини