Еве како вирусите се шират во авион (АНИМАЦИЈА)
Анимацијата, креирана од универзитетот „Пурдју“, покажува колку лесно може да се шират мали капки во авионот по една кашлица, што е загрижувачка мисла дури и пред коронавирусот.
Џон Мejден одбива да лета со авион долго време пред пандемијата на коронавирусот.
– Не се плашам од летање, само се плашам дека ќе умрам. Мислам дека сум многу ранлив – вели легендарниот американски фудбалски тренер, кој сега има 84 години.
Сепак, оваа аниминација сигурно нема да го промени неговиот став за ранливост.
Анимацијата, креирана од универзитетот „Пурдју“, покажува колку лесно може да се шират мали капки во авионот по една кашлица, што е загрижувачка мисла дури и пред коронавирусот.
Од ова сценарио, сомнително е дека дизајнот на овој италијански производител на седишта би имал корист:
Добрата вест, според „Вашингтон пост“ е дека научниците напредуваат на начините да го ограничат ширењето на потенцијалните вируси во авионите, вклучително и употребата на ултравиолетовата светлина, која убива бактерии, иако ова е малку веројатно да помогне на сегашната пандемија.
– Премногу бргу се соочивме со оваа пандемија. Ако тоа се случи следната година, ние ќе бевме во добра позиција да се бориме – вели Дејвид Бренер од универзитетот Колумбија.
Сепак, оваа анимација, а не истражувањето, ги разбуди „духовите на интернетот“ бидејќи многу пати беше споделувана на „Твитер“, а коментарите се движеа од фактот дека тоа може да предизвика кошмари кај човек, и фактот дека нема да се користи воздушен превоз во блиска иднина.