ЗЕЛЕНСКИ СМЕТА НА ЕРДОГАН ЗА ГАРАНЦИЈА ЗА УКРАИНСКАТА БЕЗБЕДНОСТ Киев ја зајакнува соработката со Турција во производството на дронови

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, посочи дека Киев е подготвен да го ратификува договорот за слободна трговија со Анкара за време на претстојната посета на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, на Украина.

128

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Украина ја гледа Турција како партнер во безбедносните гаранции за Украина и додаде дека Киев е подготвен да го ратификува договорот за слободна трговија меѓу двете земји.

Тој вчера во Киев се сретна со министерот за одбрана на Турција, Омер Болат, и со министерот за земјоделство, Ибрахим Јумакли, и со нив разговараше за билатералните односи, соработката во производството на беспилотни летала, како и за учеството на турски компании во обновата на Украина.






– Важно е турските компании да се поприсутни во Украина. Нашата земја го цени тоа, како и поддршката и помошта од Турција, особено снабдувањето со беспилотни летала Бајрактар – рече Зеленски.

Тој посочи дека Киев е подготвен да го ратификува договорот за слободна трговија со Анкара за време на претстојната посета на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, на Украина.

Зеленски не прецизираше кога ќе биде посетата.

По средбата, министерот Болат напиша дека на средбата со Зеленски присуствувале претставници на повеќе од 20 турски градежни компании, како и претставници на украинскиот државен и приватниот сектор кои ќе бидат вклучени во реконструкцијата.

Поврзани содржини