ЗАГИНАТИОТ МОТОЦИКЛИСТ ВОЗЕЛ БРЗО И ПОД АЛКОХОЛ, СЕ СУДРИЛ ДИРЕКТНО СО АВТОМОБИЛ Уапсениот возач непрописно престигнувал преку полна линија

По сударот мотоциклистот со телото удрил во плетена жичана ограда и паднал на коловозот. Од ударот се здобил со тешки телесни повреди и починал на КАРИЛ, соопшти Јавното обвинителство.

655

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 24-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 од Кривичниот законик, соопшти Јавното обвинителство.

„Вчера попладне осомничениот управувал автомобил „фиат панда“ со скопски регистарски ознаки и на улицата Ацо Шопов со возилото се движел зад автомобил „пежо 2008“. Меѓутоа, не ги почитувал надолжните ознаки на коловозот, односно надолжно обележана бела полна линија и со возилото преку полната линија започнал да го престигнува автомобилот „пежо“, управувано од друга учесничка. Спротивно на прописите за безбедност на сообраќајот, осомничениот преминал на дел од коловозот наменет за движење на возилата од спротивната насока, па директно се судрил со мотоцикл „сузуки“ кој доаѓал од другата страна“, соопшти Обвинителството.






ПОЧИНА ПОВРЕДЕНИОТ МОТОЦИКЛИСТ Полицијата го уапси возачот што ја предизвика тешката несреќа во Ѓорче Петров

Возачот на мотоциклот управувал без возачка дозвола и со неприлагодена брзина, се додава во соопштението.

„По сударот со телото удрил во плетена жичана ограда и паднал на коловозот. Од ударот се здобил со тешки телесни повреди и починал на КАРИЛ“, се вели во соопштението.

По наредба на јавен обвинител, се додава, веднаш по настанот земени се примероци од крв на сите тројца учесници во сообраќајната несреќа.ж

„Кај осомничениот и другата учесничка не е утврдено присуство на алкохол или други опојни средства, додека присуство на алхохол во крвта од 0,56 промили е евидентирано само кај сега починатиот мотоциклист“, соопшти ЈО.

Со цел обезбедување на осомничениот во текот на постапката, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање, како и привремено одземање на возачка дозвола, односно забрана за нејзино издавање.

 

Поврзани содржини