ЗАГИНА МОТОРЏИЈА ВО ДЕЛЧЕВО Со мопедот излетал од булевар

Вчера околу 14.15 часот на булеварот Македонија во Делчево, на излезот кон селото Ѕвегор, Љ.И.(54) од село Ѕвегор, управувајќи  мопед без регистарски ознаки, изгубил контрола и со мопедот излетал надвор од коловозот, соопшти полицијата.

166

Загина моторџија вчера во Делчево, кој со моторот излетал од патот.

„На 9.2.2025 во Полициската станица Делчево било пријавено дека околу 14.15 часот на булеварот Македонија во Делчево, на излезот кон селото Ѕвегор, делчевско, Љ.И.(54) од село Ѕвегор, управувајќи  мопед без регистарски ознаки, изгубил контрола и со мопедот излетал надвор од коловозот. Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди и додека бил пренесуван кон болница починал. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт“, соопшти полицијата.






Извршен бил увид од јавен обвинител и  од увидна екипа од ОВР Делчево.

Поврзани содржини