ЗА ЕДЕН ДАТА ЦЕНТАР СЕ ПОТРЕБНИ 300 РАБОТНИЦИ, 100 ВРВНИ ИНЖЕНЕРИ Секоја модерна држава вложува милијарди во дигитализацијата

Дата центрите се една од клучните инвестиции и двигатели во многу држави во развиениот свет, носат бројни работни места и за нив се потребни многу подготовки и студии за изградба, соопшти Министерството за транспорт во реакција на опозициската СДСМ.

47

„Во изградба на еден Дата центар во просек се ангажираат барем 300 работници, додека за оперативно работење на дата центар се вработуваат околу 100 високо квалификувани инженери“.

Ова е дел од реакцијата на Министерството за транспорт на прес-конференцијата на СДСМ во која опозицијата се противи на изградба на дата-центри.






Министерството истакнува дека дата- центрите се предводници во искористување на зелената енергија и ја зајакнуваат транзицијата кон зелена енергија.

Министерството исто така истакнува дека при изградбата на вакви центри ппотребно е да се исполнуваат сите технички услови и сите видови студии.

„Инвестициите во Дата центри изнесуваат милијарди евра во сите развиени држави низ Европа и Америка, развојот на технологијата и вештачката интелигенција е еден од главните двигатели на модерните држави.

Со самиот развој на вештачката интелигенција Дата центрите се неопходни и од тие причини државата треба да води паметна политика која во чекор ги следи новите треднови во технологијата“.

Министерството за транспорт истакнува дека, како што вели, за разлика од СДСМ, оваа Влада е посветена на нови инвестиции од стотици милиони евра.

„СДСМ сакаат државата да не напредува, да не се модернизира и да нема големи проекти. Во време на СДСМ главни проекти беа криминалните проекти како што беа модуларната болница во Тетово, очајниот обид за криминал преку набавка на вакцини од компанијатa Стабри , бизнисите со марихуана, тендерите за пријатели на Венко Филипче во здравството. Да ја потсетиме јавноста и на една легендарна изјава дека Фејсбук и Гугл чекаа на граница да инвестираат во Македонија.

Штом СДСМ е против изградба на дата центри значи дека сме на прав пат и дека одлуката е добра!

Државата избира напредок и нови технологии, времето на криминал и корупција е одамна завршено“, се вели во реакцијата на Министерството.

Поврзани содржини