ОБЈАВИЛ ФОТОГРАФИИ ОД МАЛОЛЕТНИК СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА Таткото пријавил во полиција, се бара сторителот

Полицијата во Тетово постапува по пријава за објавени фотографии од малолетник и заканувачки пораки упатени кон неговото семејство.

0

Полицијата во Тетово истражува случај на закани упатени кон малолетник и неговото семејство, откако на социјални мрежи биле објавени фотографии и вознемирувачки пораки.

Според информациите од СВР Тетово, случајот бил пријавен на 16 јуни во 14:20 часот во полициската станица.






Пријавата ја поднел 53-годишниот И.А. од гостиварското село Чегране, кој навел дека на социјална мрежа биле објавени фотографии од неговиот малолетен син, проследени со текстови во кои се упатуваат закани по животот и безбедноста на него и членовите на семејството.

Од полицијата информираат дека за случајот е известен надлежен јавен обвинител и дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, како и за утврдување на идентитетот и одговорноста на сторителите.

Поврзани содржини