ВРХОВНИОТ СУД ГОДИШНО ДОБИВА 43 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ДРЖАВНИОТ БУЏЕТ Ревизијата нема забелешки како се потрошени парите

Изразивме мислење без резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2024 година, се вели во извештајот на Државниот завод за ревизија за работата на Врховниот суд.

0

Нема поголеми забелешки за состојбата во Врховниот суд, а мислењето за финансиските извештаи е позитивно во извештајот на Државниот завод за ревизија за работењето на највисоката судска инстанца во 2024 година.

„Изразивме мислење без резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2024 година“, се вели во извештајот.






Ревозорите ја споредиле состојбата со претходната ревизија извршена во 2019 година и издаден е извештај за финансиските извештаи, во која, исто така, немало забелешки за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи, но имало  мислење со резерва за усогласеноста со законите и со прописите. Тогаш се дадени препораки за надминување на состојбата, па ревизорите во извештајот посочуваат дека  од вкупно дадени 7 препораки, 4 препораки се спроведени, една е делумно спроведена, а 2 препораки не се спроведени.

Во извештајот се нагласуваат одредени прашања за состојбите во судот, межу кои и дека во моментот се водат судски постапки пред надлежните судови, а до денот на ревизијата конечниот исход од истите не е познат, поради што постои неизвесност за финансиските импликации на буџетот на Врховниот суд.ќ

Се посочува и дека Министерството за правда во ноември 2020 година донело обрасци за
оценување на судските службеници, но тие не се однесуваат и на судската полиција и на судскиот администратор.

Исто така, од септември 2023 година во судот нема судски администратор.

Последната забелешка се однесува на парите што се издвојуваат од државниот буџет за работата на Врховсниот суд, а кои не го достигнуваат законски утврдениот процент од 0,8% од
бруто домашниот производ на Македонија. Одобрените средства во износ од 2,6 милијарди денари (43 милиони евра) претставуваат 0,3% од БДП.

Ревизорите истакнуваат и дека нема одредби за утврдување на платите на вработените во
судовите кои вршат технички и помошни работи.

Поврзани содржини