СЕ НАДЕВАЛЕ НА МИЛИОНСКИ ПРОФИТИ ОД ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА Автопатот кон Блаце не поминува низ имоти на членови на ДУИ, туку се реализира според професионално решение
Со надеж за милионски профити од експропријација, од ДУИ купувале земјишта долж трасата на автопатот Скопје-Блаце, реагира Вреди.
Пискотниците на ДУИ за автопатот Скопје-Блаце имаат само една причина: трасата не поминува таму каде што со години се правеле пресметки и се купувале земјишта со надеж за милионски профити од експропријација, реагира Вреди преку соопштение.
„За прв пат добиваат граѓаните, а не партиските интереси. Ова е вистинската причина за нивната врева. Обидот автопатот да служи за индивидуални интереси, а не за интерес на граѓаните, пропадна. Трасата се реализира според професионално решение и во корист на граѓаните, а не според плановите на оние што мислеа дека ќе се збогатат од овој пат. Со години овој стратешки проект беше одложуван и држен како заложник на тесни интереси. Денес, кога конечно напредува, корисници нема да бидат привилегирани поединци, туку граѓаните, бизнисите, економијата и стратешкото поврзување со Косово“, се наведува во реакцијата на Вреди.
Оттаму нагласуваат дека автопатот Скопје-Блаце е еден од проектите што ја покажува разликата меѓу оние што зборувале за развој и оние што го реализираат во пракса.
„Автопатот Скопје-Блаце е најдобар доказ за разликата меѓу два политички пристапи: 24 години празни ветувања и 24 месеци ангажман што го водат проектот кон завршување“, додаваат од Вреди.