🎥 ШОКАНТНА СМРТ НА МЛАДАТА ТУРСКА АКТЕРКА Еџе Иртем почина само неколку часа откако наполни 35 години
Турската актерка Еџе Иртем е родена на 14 јуни 1991 година, а само неколку часа пред трагедијата, им се заблагодарила на пријателите и обожаватели за честитките и убавите желби за нејзиниот 35-ти роденден.
Младата турска актерка Еџе Иртем, која на публиката во регионот ѝ е најдобро позната по улогата на Ишил во серијата „Шербет од брусница“ (Kızılcık Şerbeti / One Love), почина ненадејно само неколку часа по својот 35-ти роденден, додека роденденските честитки сè уште стојат на нејзините профили на социјалните мрежи.
На младата актерка ѝ се слошило утрото по роденденот, во нејзиниот дом, додека била заедно со својата мајка. Брзата помош која пристигнала не успеала да ја реанимира по силниот срцев удар.
Веста за ненадејната смрт на актерката предизвика шок меѓу нејзините бројни обожаватели.
Преку менаџерската агенција која ја застапуваше актерката, со официјално соопштение се огласи нејзиниот адвокат Угур Гокујун:
– Мојата клиентка Еџе Иртем почина денеска околу 12 часот. Настанот се случи во нејзиниот дом додека беше со својата мајка. Според првичните наоди, сметаме дека причината за смртта е срцев удар. Истрагата е во тек, а точната причина официјално ќе биде соопштена по обдукцискиот наод. Јавноста ќе биде дополнително информирана кога ќе пристигнат резултатите. Изразувам најдлабоко сочувство до нејзиното семејство и до најблиските.
Еџе Иртем е родена во Сивас во 1991 година. Во 2014 година дипломирала на Отсекот за опера и соло пеење при Универзитетот „Јашар“ како трета во својата класа, каде што работела со некои од најголемите турски и светски оперски имиња, но нејзината вистинска пасија била глумата. Пишувала сопствени текстови и скечеви за училишните претстави уште додека била во основно училиште, а по преселбата во Истанбул завршила престижна школа за актерство во Културниот центар Садри Алишик (2014-2015).
Најголемата слава и регионална препознатливост ја стекна со улогата на Ишил во хит-серијата „Шербет од брусница“.