МАЖ ПРЕГАЗЕН И ОСТАВЕН МРТОВ НА АВТОПАТ Полицијата го бара возачот кој побегнал од местото

Маж на неодредена возраст бил пронајден мртов покрај коловозот на автопатот. Полицијата работи на утврдување на неговиот идентитет и на пронаоѓање на возилото што го напуштило местото.

34

Маж на неодредена возраст вчера е пронајден мртов покрај коловозот на автопат, откако, според првичните информации, бил прегазен од возило кое го напуштило местото на несреќата. Лицето починало на местото на настанот од здобиените повреди.

Полициски службеници извршиле увид на локацијата, а се работи на утврдување на сите околности на случајот, како и на идентитетот на починатиот и возилото што учествувало во несреќата.






За случајот вчера говореше и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во гостувањето во емисијата „На кавга со Иван“ на телевизија Канал 5.

Од неговата изјава произлегува дека полицијата веќе работи на случајот, а се преземаат активности за утврдување на идентитетот на жртвата, околностите под кои настанала несреќата и за пронаоѓање на возилото и возачот кои го напуштиле местото.

Дополнителни детали за точната локација, идентитетот на починатиот и околностите под кои дошло до несреќата засега не се соопштени.

Поврзани содржини