📽️ ЕВЕ КАКО БИЛЕ ЗАПАЛЕНИ ВОЗИЛАТА ПРЕД БУГАРСКАТА АМБАСАДА Објавената снимка од надзорната камера го открива и сторителот

Среде бел ден во Скопје се случи инцидент пред Амбасадата на Бугарија, кога непознато лице со бензин запали две дипломатски возила, по што побегна од местото на настанот, додека полицијата и пожарникарите брзо интервенираа.

754

Среде бел ден, едно лице вади од кеса шише со бензин и ги полева двете дипломатски возила на Амбасадата на Бугарија во Скопје, по што подметнува пожар и веднаш бега од местото.

На снимките објавени од бугарскиот медиум „BG-NES“ се гледа маж кој, без капа и без очила, го извршува нападот и потоа се оддалечува во непознат правец. Полицијата пристигнала на местото на настанот по неколку минути.






 

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека двете возила ѝ припаѓаат на Амбасадата на Бугарија и имаат дипломатски таблички. За среќа, нема повредени лица, а пожарот бил брзо изгаснат од скопската противпожарна единица.

Во 12:13 часот полицијата добила пријава дека на улицата Златко Шнајдер, пред Амбасадата на Бугарија, избувнал пожар на две патнички возила од марките „киа“ и „сузуки“.

Сè уште не се познати мотивите за ова намерно подметнување пожар, а од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ПОТПАЛИЛ ДВЕ ВОЗИЛА НА БУГАРСКАТА АМБАСАДА И ПОБЕГНАЛ Полицијата трага по млад скопјанец

ВЛАДАТА ГО ОСУДИ ОПОЖАРУВАЊЕТО ВОЗИЛА НА БУГАРСКАТА АМБАСАДА За вакви постапки нема место во демократска држава

МНР ГО ОСУДИ ИНЦИДЕНТОТ ПРЕД БУГАРСКАТА АМБАСАДА Се бара брза и транспарентна истрага за запалените возила

Поврзани содржини