ЉУБОМИР И ЉУБЧО ГЛЕДААТ ВУЧИЌЕВО-ОРБАНОВСКА ЛИНИЈА ВО МЕДИУМИТЕ Фрчкоски и Георгиевски најавија „справување“ со 30 портали и со 2 телевизии

Експремиерот Љубчо Георгиевски, кој му беше гостин на Фрчкоски рече дека Алфа и Канал 5 се „нај-антибугарски телевизии“.

0

Главниот идеолог на СДСМ, поранешниот министер за внатрешни и за надворешни работи Љубомир Фрчкоски во својот поткаст „Нецензурирано“ најави „справување“ со 32 македонски медиуми.

Експремиерот Љубчо Георгиевски, кој му беше гостин на Фрчкоски рече дека Алфа и Канал 5 се „нај-антибугарски телевизии“.






– Да, да, тоа е таа вучиќево-орбановска линија во медиумите, со која ние ќе треба да се справуваме допрва. Тоа се 30 портали и две телевизии. Тоа е сериозна пенетрација. Политиката се одвива на ниво на пи-ар и тие се практично, оружје – рече Фрчкоски.

Тој објаснува дека падот на Виктор Орбан во Унгарија и евентуалниот пад на Александар Вучиќ во Србија, во Македонија ќе биде проследено со губење финансиски средства за овие медиуми.

– Во тој момент фокусот на ЕУ ќе биде да го затвори тој капитал и можното руско влијание преку оваа српска линија и ќе биде интересно ако може да се искористи – рече Фрчкоски.

Оваа порака за ,,справување“ од Фрчкоски како човек што во круговите блиски на СДСМ се смета за главен кандидат за иден министер за внатрешни работи ако неговата партија дојде во догледно време на власт, може да се толкува како закана за затворање на медиумите кои СДСМ не ги смета за пријателски.

Точната бројка од 30 портали, која е наведена, покажува дека Фрчкоски точно знае кои медиуми се на листата за „отстрел“ односно, за „справување“.

СДСМ пред неколку години додека беше на власт преку тогашната портпаролка, а сега член на извршниот одбор Богданка Кузеска, јавно се закануваше со мерки против Алфа ТВ.

Сите истраги за наводен криминал кои потоа ги водеа луѓето на Зоран Заев и на Венко Филипче пропаднаа, но тоа не му пречи на Фрчкоски да се заканува дека ќе се справува со медиумите.

На овие закани засега молчат Здружението на новинарите, АВМУ, Синдикатот на новинарите и невладините кои се занимаваат со медиумските права и слободи.

Поврзани содржини