ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО ВО УЧИЛИШТЕ ВО ТЕТОВСКО Малолетник е тешко повреден

Како што соопшти СВР Тетово, кај нив вчера во 12:30 часот од Ургентен центар Тетово е пријавено дека примиле 14-годишно малолетно дете од с.Милетино со тешки телесни повреди здобиени при физички напад од негов врсник во кругот на училиштето.

62

Во нов случај на врсничко насилство тешко повредено е 14-годишно дете нападнато во училиште во Тетовско.

Како што соопшти СВР Тетово, кај нив вчера во 12:30 часот од Ургентен центар Тетово е пријавено дека примиле 14-годишно дете од с.Милетино со тешки телесни повреди здобиени при физички напад од негов врсник во кругот на училиштето.






Од тетовската полиција велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Само неколку дена претходно, на 22 октомври, група од 5 малолетници пресретна и физички малтретираше две 11-годишни деца среде Тетово за да провери дали носат навивачки обележја.

На 12 октомври во кругот на средно училиште, неколку малолетници со дрвен предмет тешко претепаа 9-годишно дете.

Поврзани содржини