ЗЕЛЕНСКИ И ТРАМП ГО KAНАТ ПУТИН ВО САД „Понуда што тешко се одбива“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека заедно со американскиот претседател Доналд Трамп му предложиле на Владимир Путин средба во САД. Според него, Кремљ сè уште нема одговорено на иницијативата.

0

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека заедно со Доналд Трамп му предложиле на рускиот лидер Владимир Путин да одржат средба во САД во обид да се отвори пат кон прекин на војната.

Предлогот, како што рече Зеленски, е последниот обид Путин да седне на маса во формат што тешко би можел да го одбие.






– Му предлагавме на Путин да се сретнеме каде било, доколку тоа овозможи донесување реални одлуки за прекин на војната – изјави Зеленски.

Путин не сака средба?

Зеленски рече дека Москва досега ги одбивала ваквите иницијативи.

Според него, Украина, САД и Франција разговарале за можноста за средба со Русија на маргините на самитот на Г-7, со учество на повеќе западни држави.

– Со САД и со Франција разговаравме за можноста за средба со Русија на маргините на форумот на Г-7. Путин не го сака тоа – рече Зеленски.

Средба во формат што тешко се одбива

Украинскиот претседател откри дека за оваа идеја разговарал и со Трамп.

Според него, една од опциите е средбата да се одржи во САД, во присуство на американскиот претседател.

– Вчера разговарав со Трамп за можноста таква средба да биде организирана во САД, во формат во кој на Путин ќе му биде значително потешко да го одбие – изјави Зеленски.

Тој додаде дека доколку Русија го одбие и овој предлог, ќе биде потребен дополнителен притисок врз Москва.

 

Поврзани содржини