🎥 ВОЗЕШЕ „АУДИ“ ПО ВЕЛОИСПЕДСКА ПАТЕКА ВО БУТЕЛ Полицијата го пронајде и го казни

Веднаш од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје се преземени соодветни мерки и активности при што е пронајден возачот на возилото З.С.(43) и на истиот му е изречена законски предвидената глоба, наведено е во соопштението.

259

Полицијата експресно брзо реагираше откако на социјалните мрежи денеска се појави видео-снимка на којашто се гледа како автомобил „ауди“ со скопски регистарски ознаки се движи по велосипедската патека на улица Бутелска.

Како што информираше Министерството за внатрешни работи, возачот е пронајден и казнет.






„Во врска со објавеното видео во дел од медиумите на кое се гледа како патничко возило ‘ауди’ со скопски регистарски ознаки се движи по велосипедска патека на улица Бутелска ве известуваме дека настанот се случил на 23.04.2025 околу 16.30 часот. Веднаш од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје се преземени соодветни мерки и активности при што е пронајден возачот на возилото З.С.(43) и на истиот му е изречена законски предвидената глоба“, наведено е во соопштението.

Поврзани содржини