Синоќа во 20.50 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле Н.Џ.Е.(20) и Б.У.(19), двајцата од Република Турција, затоа што со патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на рент а кар компанија, се движеле во спротивна насока на булевар на подрачјето на Центар, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
„По документирање на случајот ќе следуваат соодветени поднесоци“, се вели во полицискиот билтен.