СО „ГОЛФ“ БЕГАЛ ОД ПОЛИЦИЈАТА, УДРИЛ ВО ЅИД, ПА ВО СЛУЖБЕНО „ЈЕТИ“ Потера во Морани завршила со апсење на 20-годишник 

Дваесетгодишникот не застанал на полициски знак, а набргу со автомобилот удрил во бетонски ѕид и во службена „шкода јети“. По приведувањето полицијата утврдила дека е баран за издржување две години затвор.

0

Дваесетгодишник од Студеничани се обидел со „фолксваген голф“ да избега од полицијата, но бегството завршило со удар во бетонски ѕид и во полициско возило, информира МВР.

Во понеделникот, 24 август, Б.А. не застанал на знак даден од полициски службеници и продолжил да вози.






Набргу потоа со „голфот“ удрил во бетонски ѕид. Потоа тргнал наназад и удрил во службена „шкода јети“ на Министерството за внатрешни работи.

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го привеле во 17.25 часот.

Дополнителните проверки покажале и зошто 20-годишникот бил баран. Според МВР, за Б.А. била издадена судска наредба за издржување двегодишна затворска казна. Тој бил осуден за кривични дела по членовите 292 и 288 од Кривичниот законик.

Поврзани содржини