🎥ОГНОМЕТ ФРЛЕН ВО УЧИЛИШТЕ ВО ЛИОН ПРЕДИЗВИКА ТОТАЛЕН ХАОС Околу 40 ученици побарале лекарска помош, двајца се уапсени

Околу два часа претходно, пред почетокот на наставата, пред училиштето биле испукани уште две пиротехнички направи, и покрај присуството на полициски сили.

0

Околу 40 ученици биле прегледани во училишната амбуланта по експлозија на пиротехничка направа во холот на средното училиште „Ла Мартиниер Монплезир“ во Лион, а двајца ученици осомничени дека ја фрлиле направата, се уапсени.

Инцидентот се случил вчера, околу 9:55 часот, за време на големиот одмор, во средното училиште „Ла Мартиниер Монплезир“, на улицата „Антоан Лимиер“, во осмиот арондисман на Лион, Франција.






Според францускиот весник „Ле Прогре“, пиротехничката направа била запалена и фрлена во средината на училишниот хол, каде што во тој момент имало голем број ученици. Експлозијата предизвикала паника, а учениците во страв бегале низ ходниците и се засолнувале во училниците.

Околу 40 ученици побарале помош во училишната амбуланта. Според известувањето што директорот го испратил до родителите, тие имале полесни повреди или биле во состојба на шок. Француската телевизија ТФ1 извести за тројца повредени во инцидентот.

Двајца ученици, за кои директорот потврдил дека се идентификувани како сторители на пиротехничкиот напад, биле приведени предпладнето денеска.

Инцидентот не бил единствениот тој ден. Околу два часа претходно, пред почетокот на наставата, пред училиштето биле испукани уште две пиротехнички направи, и покрај присуството на полициски сили.

По настанот, наставниците одлучиле да го искористат правото на прекин на работата, па попладневната настава во училиштето не продолжила.

Поврзани содржини