НА ВАЈБЕР-ПРОФИЛОТ НА НАПАЃАЧОТ ОД КРАГУЕВАЦ ПИШУВАЛО „24.11“ Се истражува како дошол до пушката
Станува збор за ученик од четврта година, кој, според директорот на училиштето, претходно не предизвикувал проблеми. Српски „Телеграф“ открива и необичен детаљ – на профилот на матурантот на Вајбер стоел денешниот датум „24.11“.
Тинејџерот кој пукаше во Првото техничко училиште во Крагуевац го користел оружјето на својот татко, тврдат српските медиуми, додека се чека официјално соопштение од српската полиција. Истрагата треба да утврди како 17-годишникот дошол до оружјето и дали тоа било соодветно обезбедено во семејниот дом.
Станува збор за ученик од четврта година, кој, според директорот на училиштето, претходно не предизвикувал проблеми. Српски „Телеграф“ открива и необичен детаљ – на профилот на матурантот на Вајбер стоел денешниот датум „24.11“.
Двајца вработени од техничкиот персонал се повредени, според информациите на медиумот. Двајцата се надвор од животна опасност.
Според српски Блиц, напаѓачот со пушка од мал калибар испукал куршуми во правец на просторијата каде што биле чистачките. Во таа прилика, тој ранил едно женско лице со проектил, додека друго се здобило со повреди од стакло.
Според непотврдени информации на „Блиц“, пушката од мал калибар се заглавила по пукањето, што предизвикало студентот да се исплаши и да се скрие зад параван.
Министерството за образование на Србија итно формирало кризен штаб и испратило тим во Крагуевац. Се очекува училиштето да го посети и министерот за образование во технички мандат Дејан Вук Станковиќ.
Законот за оружје и муниција на Србија ги обврзува сопствениците да го чуваат оружјето на безбедно место, недостапно за малолетници.
Според правните одредби што ги наведува „Телеграф“, таткото би можел да се соочи со кривична и со прекршочна одговорност доколку се утврдат пропусти во чувањето на оружјето.
Директорот на Првото техничко училиште во Крагуевац Немања Јоксимовиќ потврди дека сите ученици се безбедни.
– Учениците од училиштето безбедно ја напуштија зградата. Ученик од четврта година рани колега кој е вработен во техничкиот персонал на училиштето, а животот на колегата не е во опасност – изјави Јоксимовиќ, пренесе српски „Мондо“.
Директорот посочи дека матурантот претходно не предизвикувал проблеми во училиштето.
– Благодарение на брзата реакција на Министерството за внатрешни работи, ученикот беше уапсен, а ние ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата и да направиме сѐ што е во наша моќ за брзо нормализирање на наставата во училиштето – додаде директорот.
Малолетниот осомничен треба да биде сослушан од обвинител надлежен за малолетници.
ТИНЕЈЏЕР ПУКАЛ ВО СРЕДНО ШКОЛО ВО КРАГУЕВАЦ Повредени две хигиеничарки, напаѓачот е приведен