СО СИТЕ РАСПОЛОЖЛИВИ КАПАЦИТЕТИ СЕ ГАСНЕ ПОЖАРОТ НА КИТКА Во моментов нема опасност за населените места во областа Каршијак

На терен се ангажирани 3 авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и екипите на Национални шуми.

0

Сите државни ресурси се ангажирани на терен за заштитата на планината Китка, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

На терен се ангажирани 3 авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и екипите на Национални шуми.






– Од утринските часови продолжуваме со интензивни активности за ставање под контрола на пожарите во селата во областа Каршијак. Наш приоритет е заштитата на планината Китка и спречувањето на ширењето на пожарот кон населените места.
Ќе се продолжи со непрекинато следење на состојбата и интензивна интервенција до целосно стабилизирање на ситуацијата – соопшти ЦУК.

Во моментов нема опасност за селото Палиград, ниту за другите населени места во областа Каршијак.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али е на терен, заедно со надлежните служби и екипи, каде што ја следи и координира состојбата.

 

Поврзани содржини