ПЕКОЛЕН ПОЖАР ГИ ПРОГОЛТА ПЧЕЛИТЕ Изгорени околу 120 пчелни сандаци и викендичка во Дуње

Пожарот во месноста Голем Рид уништил викенд-куќа, помошен објект со алат, пчеларска опрема и 50 сандаци со пчелни семејства.

166

Голем пожар во атарот на прилепското село Дуње целосно уништил викендичка, пчеларска опрема и околу 120 дрвени пчеларски сандаци, од кои 50 биле полни со пчелни семејства.

Пожарот бил активен во месноста Голем Рид, каде што огнот ја зафатил викендичката и објектите околу неа.






Според пријавеното во полицијата, целосно изгорела викенд-куќата сопственост на сопругата на М.Ч. од Прилеп. Во пожарот била уништена и разновидна опрема што се користела за работа со пчели.

Огнот зафатил и помошна просторија во која имало алат, како и околу 50 дрвени сандаци со пчелни семејства. Во близина на викендичката имало уште околу 70 празни дрвени сандаци, кои исто така биле уништени.

Случајот бил пријавен во ОВР Прилеп на 24 август во 12 часот.

На местото извршила увид екипа на ОВР Прилеп, а дополнително треба да се утврдуваат околностите под кои настанал пожарот и вкупната материјална штета.

Поврзани содржини