85-ГОДИШНИК ПОДМЕТНАЛ ПОЖАР КАЈ СТРУГА Полицијата го приведе по огнот кај селото Заграчани

Пожарот бил предизвикан кај месноста „Лок“ меѓу Заграчани и Долна Белица, а на местото интервенирале струшките пожарникари

0

Осумдесет и петгодишен жител на струшкото село Заграчани е приведен откако, според полицијата, подметнал пожар на отворен простор во близина на селото.

Станува збор за А.М., кој на 4 септември околу 16:30 часот бил пронајден и лишен од слобода на локалниот пат меѓу селата Заграчани и Долна Белица.






Според информациите од полицијата, тој претходно кај месноста „Лок“ предизвикал пожар во кој горела нискостеблеста вегетација.

На местото интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга. Во пожарот нема повредени лица.

Од полицијата информираат дека случајот се расчистува, по што против 85-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини