ДВЕ СРЕДНОШКОЛКИ СЕ СТЕПАЛЕ ВО ЧАИР Тепачката била снимана и објавена на Фејсбук

360

Вчера во 11.00 часот во СВР Скопје, И.Т.(42) од Скопје пријавила дека на 10.02.2025 околу 11.00 часот во двор од средно училиште на подрачјето на Чаир, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од една малолетничка, која ја познавала, при што настанот бил снимен и видеото било објавено на социјални мрежи, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, наведено е во полицискиот билтен.

Поврзани содржини