📽️ ДЕЦА ЈАВАЛЕ КОЊ КАЈ МОСТОТ КАЈ ЛЕПЕНЕЦ Едното паднало под копитата
Две деца јавале по улицата Скупи во Злокуќани кога едното паднало директно под копитата. Според објавените информации, детето не било сериозно повредено.
Дете паднало од коњ во полн трк на улицата Скупи во скопската населба Злокуќани, а животното поминало преку него. Сцената изгледа драматично, но според објавените информации, детето поминало без сериозни повреди.
На снимката oбјавена на Фејсбук во средата, се гледаат две деца качени на коњ кој галопира по асфалтот. Во еден момент едното ја губи рамнотежата и паѓа, директно на патеката на животното.
Снимката е направена на само неколку стотини метри од мостот кај Лепенец, каде што следниот ден, 17 септември, жена со теренец „Порше“ беше снимена како фрла отпад во реката и подоцна доби две казни за истото.